Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

Во текот на денешниот ден на барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за животна средина и општинските инспектори од општините на Град Скопје и Градот Скопје, како и од МВР и Дирекцијата за заштита и спасување на подрачјето на главнот град.

„Дејствијата се преземаат во рамките на предмет поврзан со загадувањето на воздухот во Скопје, а сите надлежни институции се задолжени да изготват соодветни извештаи од извршените контроли и да ги достават до обвинителството“, соопшти ОЈО.

Според соопштението, ќе се врши надзор на правните субјекти кои за загревање на објектите користат мазут и нафта, но и ќе се контролира иачинот на загревање на државните институции и служби.

Комуналните инспектори и комуналните редари се задолжени да вршат проверка над возилата кои излегуваат од градежните парцели дали ги мијат тркалата, дали има одлагање на отпад на јавни површини, палење на оган на отворено.

Полицијата ќе врши контрола дали се почитува посебниот сообраќаен режим за тешките товарни возила, насочувајќи ги кон обиколни патишта со цел да се намали сообраќајот во урбаните средини.

„По доставување на сите извештаи, доколку во нив се содржани елементи на кривично дело од областа на животната средина и природата, Основното јавно обвинителство Скопје веднаш ќе поведе постапки против сторителите“, додаваат од Обвинителството.


Слично

Поврзани вести