Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството на Кнежевството Монако постапи по барањето за меѓународна правна помош од ОЈО

Обвинителството на Кнежевството Монако постапи по барањето за меѓународна правна помош од ОЈО

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби официјално известување од Обвинителството на Кнежевството Монако дека постапило по барањето за меѓународна правна помош во предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија.

На надлежниот јавен обвинител, кој од оформувањето на овој предмет е во постојана комуникација со Обвинителството на Кнежевството Монако, ќе му биде испратена целокупната документација која е поврзана со предметот што се истражува во Македонија.

„Во исто време, обвинителството од Монако потврди дека судија претседавач на Судот во прва инстанца на Кнежевството Монако постапил по барањето за привремено замрзнување на банкарска сметка. Имено, во рамките на постапката во предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија, беше утврдено дека правното лице – концесионер на центрите за дијализа е отуѓено“, информираат од институцијата. 

Финансиските средства од продажбата во износ од 8.281.000 евра беа префрлени на сметка во Монако и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се обрати до властите во оваа земја со барање за нивно замрзнување, додека 3.275.000 евра се замрзнати на сметки во банки во Република Македонија.

Слично

Поврзани вести