ОБВИНИТЕЛСТВОТО КОНЕЧНО ПОВЛЕЧЕ ПОТЕГ: Обвинение за 13 вработени во МВР за пожарот во „Пулс“
Во четири обвиненија што денеска ги поднесе Обвинителството, опфатени се вкупно 23 вработени во Министерството за внатрешни работи, полициски службеници и началници за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со обвинение се опфатени 13-мина кои кобната вечер вршеле контрола во дискотеката. Од оваа бројка, 9 се полициски службеници и четворица началници во СВР Штип.
Ова се првични детали од брифингот во ОЈО ГОК, кој заврши пред малку. Повеќе детали најавуваме за подоцна.
ОЈО ГОКК сеуште немаше јавно обвинителска одлука за осомничените 26 полицајци и службеници во МВР, која првично беше најавена за 12 декември 2025.
Од семејствата на загинатите постојано реагираат на саботните маршеви во Кочани на пролонгирањето на јавно обвинителската одлука:
На 25 ноември 2025, шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази изјави дека истрагата е завршена и дека за десетина дена од тогаш ќе има одлука, но во меѓувреме запре истрагата за шестмината полицајци.За потсетување, ОЈО ГОКК води истрага за 26 службеници во МВР, истрагата започната на 12 јуни минатата година. Паралелно со овој процес, се води судски процес против 35 физички и 3 правни лица за пожарот во Пулс.
На 16 март 2025 во пожар во дискотеката Пулс загинаа 63 лица и еден возач на итната медицинска помош, 157 беа тешко повредени, а вкупниот број на повредени надмина 200 лица.
