Обвинителството ќе се зафати со Скопје 2014-та?
Обвинителството побарало од општина Центар да ја достави комплетната документација од ревизијата на проектот Скопје 2014-та. Градоначалникот Андреј Жерновски верува дека ова е знак оти обвинителството е спремно да го отвори случајот со парите потрошени за изградба на објектите и спомениците од овој проект.
„За мене е значајно што Јавното обвинителство препозна сериозни индиции за сторен криминал во овој проект. Дописот кој го добив од обвинителството претставува отворање на случајот. Општина Центар ги достави бараните дополнителни документи и одговори на сите барања од обвинителството. Со самото тоа што беше побарано од нас комплетирање на документацијата, значи дека обвинителството побара докази, за кои тие како институција мораат да се ангажираат“, објасни Жерновски на денешната седница на општинскиот Совет.Општина Центар пред шест месеци до обвинителството ги достави наодите од ревизијата на проектот Скопје 2014-та, кои ги подготви експертска група ангажирана од Жерновски.
Слично
