Обвинителството ќе постапува по иницијативата на ДКСК за гонење на Васко Ковачевски
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја прифати иницијативата на Антикорупциска за кривично гонење за испитување на евентуални малверзации при набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“.
Иницијативата два дена по Нова година стасала во ОЈО и е распределена кај обвинител кој ќе ги испитува наводите дали екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, заедно со други службени лица вработени во ЕСМ и во Министерството за економија, постапиле спротивно на закон.
ЕСМ за потребите на ТЕЦ „Неготино“ со цел рестартирање на овој субјект за производство на електрична енергија набави мазут од РКМ во вредност која може да достигне 7 милијарди и 500 илјади денари или околу 212 милиони евра.
Слично
