Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката од корона

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката од корона

Основното јавно обвинителство Охрид по информациите во јавноста, отвори предмет по допрен глас за смртта на лице од Струга, жена на возраст од 66 години на која и било дијагностицирано присуство на вирусот COVID-19.

Според првичните информации, поради нагло влошената здравствена состојба кај сега починатата пациентка, матичниот лекар препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница. Но пациентката и покрај упатувањето, не е примена во болницата.

Обвинителството ќе преземе дејствија во насока на расчистување на причинско последичната поврзаност и за утврдување на фактите за евентуално постоење на кривична одговорност.​


Слично

Поврзани вести