Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството ќе го проверува исказот на Нинџа

Обвинителството ќе го проверува исказот на Нинџа

Обвинителството го проверува исказот на Aлександар Василевски Нинџа.

Секој даден податок или исказ треба да биде поткрепен и со други докази, имајќи предвид дека осомничените и обвинетите во постапката можно е да не ја кажуваат вистината, велат од Обвинителството по одбраната на обвинетиот Алекасандар Василевски - Нинџа за „крвавиот четврток“.

Нинџа во Основниот суд Скопје 1, кажа дека директивите за насилниот упад во Собранието доаѓале од осмиот кат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и од челниците на УБК. 

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги отфрли како небулозни тврдењата на обвинетиот Нинџа дека вечерта на 27 април требало да прогласи воена состојба.

Освен Билјана Бришковска, според Нинџа, во оперативниот штаб во ВМРО ДПМНЕ биле и Спиро Ристовски, Митко Чавков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои ги слушал како даваат инструкции по телефон и го координираат упадот на толпата. 

Слично

Поврзани вести