Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството ја бара новата адреса на Пендиков во Бугарија за да го повика на распит

Обвинителството ја бара новата адреса на Пендиков во Бугарија за да го повика на распит

Охридското обвинителство се обидва да стапи во контакт со секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, кој беше претепан во охрид и сега живее во Бугарија под заштита на таа земја.

Поради тоа, ќе бара од Бугарија информација за сегашната адреса на живеење на Пендиков, објави бугарската НоваТВ.

По инцидентот на 19 јанаури, тој со бугарски владин авион беше префрлен на лекување во Софија, а по излегувањето од болница доби сместување и заштита. 

Според информациите од Бугарија, тој на крајот на декември поднел барање за бугарски пасош, но засега се уште е само македонски граѓанин.

Инаку вчера беше приведен и вториот напаѓач на Пендиков. Охридското обвинителство побара од судот да му биде одземена патната исправа за да не може да ја напушти Македонија.



Слично

Поврзани вести