Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИМА ДОКАЗИ КОЈ ЈА ВНЕЛ ПИРОТЕХНИКАТА: Постапката e запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИМА ДОКАЗИ КОЈ ЈА ВНЕЛ ПИРОТЕХНИКАТА: Постапката e запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри

Постапката за пожарот во Кочани e запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри. 

За нив нема доволно докази, соопшти републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во врска со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Значи за двајца министри се запира постапката, во период кога истите биле министри, не можам да ви кажам кои, имајќи предвид за другите имаат обвинение, за периодот кога биле на функција“, рече Коцевски.

Дополни дека постапката се запира и за едно лице кое е починато, а за едно лице е во прекин поради здравствената состојба.

За тоа дали имаат докази кој ја внел пиротехниката на концертот на групата ДНК, Коцевски одговори дека имаат докази.

„Обвинителството е сигурно, кој, како и на кој начин ја има внесено пиротехниката. Сѐ е истражувано и во текот на постапката ќе се открие“, рече Коцевски. 

Во пожарот на 16 март годинава загинаа 62 луѓе, а повредени се околу 200. 

Слично

Поврзани вести