Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството добило неколку пријави за денешниот изборен процес

Обвинителството добило неколку пријави за денешниот изборен процес

До Обвинителството пристигнале неколку пријави за евентуални сторени кривични дела во врска со изборите. 

До 19:00 часот денеска пристигнаа уште неколку пријави во врска со изборите и гласањето, по кои постапуваше Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности. Основното јавно обвинителство Струга е известено дека на избирачко место едно лице го искинало гласачкото ливче и го напуштило гласачкото место. По дадени насоки од јавен обвинител, полицијата постапува за негово пронаоѓање и приведување. Пријави имало и за гласање во Куманово, Гостивар, Скопје. На повеќе избирачки места имаше случаи каде избирачи ги кинеле гласачките ливчиња. 

Во Македонија денеска се одржаа седмите локални избори. 

Слично

Поврзани вести