Обвинителството демантира: Мукоски и Василевски не се повикани на распит
Иако во медиумите беше објавена информација дека денеска на распит во Обвинителството треба да се појават пратенциите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски Обвинителство се огласи со официјална информација и демантира дека пратенциите биле повикани на распит.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски во телефонски разговор за Телевизија 24 демантира дека е повикан на распит во Јавното обвинителство. Мукоски изјави дека информацијата дека денеска треба да седне пред обвинителите е шпекулација. Тој тврди дека не добил покана од Обвинителството и дека денеска нема да се појави во обвинителството.
Слично
