Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против таткото и двете ќерки од Крива ПШаланка чии крави узурпираа и нанесуваа штети на туѓи имоти кај локалните земјоделци, а при тоа се противеа на интервенцијата на полицијата и на вработените од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Истовремено побарано е продолжување на притворот како мерка за претпазливост за таткото и за една од ќерките.

- Станува збор за татко и две ќерки кои на 2 декември, во местото викано “Самоков”, во близина на кривопаланечкото село Луке, спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство да извршат службено дејствие и да постапат по правосилно решение за одземање крупен добиток.

Таткото е обвинет и дека при настанот ја загрозил сигурноста на четири присутни лица, сериозно заканувајќи им се дека ќе нападне врз нивниот живот и тело, со намера да ги вознемири и заплаши. Затоа тој е обвинет и за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик.

Една од двете ќерки е обвинета и за – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 од Кривичниот законик, бидејќи таа телесно повредила полициски службеник кој бил повикан да асистира при одземањето на говедата, така што го влечела и го гребела по лицето.

Како резултат на дејствијата на тројцата обвинети, лицата ангажирани од АХВ биле спречени да постапат по решенијата и да го одземат добитокот од обвинетите.

Во текот на постапката за обезбедување на доказите, сите три лица беа обезбедени со мерка притвор. Со поднесување на обвинението, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа постапката и поединечните околности кај секој од обвинетите, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог со кој предложи притворската мерка да биде продолжена за таткото и за една од ќерките, соопшти ОЈО Крива Паланка.


Слично

Поврзани вести