Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството бара притвор за Мијалков за „Плацеви на Водно“

Обвинителството бара притвор за Мијалков за „Плацеви на Водно“

Oбвинителството повторно бара притвор за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков. 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека поднело предлог на обвинетиот Сашо Мијалков повторно да му биде определена мерка притвор, откако тој со одлука на Апелациониот суд, е пуштен од притворот.

„По денешната одлука на Апелацискиот суд Скопје со која беше прифатена жалбата на Сашо Мијалков и е преиначено решението за притвор, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за определување на мерката притвор за Сашо Мијалков, обвинет за помагање при кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 в.в. чл.24 од Кривичниот законик во предметот познат во јавноста како „Плацевите на Водно”“, стои во соопштението од Обвинителството.

Обвинителот цени дека и покрај дадената гаранција и определените мерки за обезбедување, сѐ уште постои опасност од бегство и во таа насока го достави предлогот за притвор.​

Инаку, Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата од 11.106.501 евро со што поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, излегува од притвор.

За оваа одлука имаше реакции од дел од политичките партии. 

Слично

Поврзани вести