Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР: Taткото на Вања донесен во Кривичниот суд

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР: Taткото на Вања донесен во Кривичниот суд

Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, е донесен во Кривичниот суд. Обвинителството бара 48 часовен притвор за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска од Скопје.

Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот каде е убиена неговата ќерка. Обвинител побара од судија на претходна постапка да му се одреди 48-часовен притвор за да не избега или попречува на истрагата. Таткото е донесен во судот откако еден ден помина во полициска станица и во Обвинителството на распит. Утринава Обвинителството и полицијата кажаа дека тој негирал поврзаност. 

Таткото е осомничен дека ги дал информациите за времето и местото кога Вања ќе биде сама, а со цел киднапирање и потоа барање пари од мајката. Но, како што кажа министерот Оливер Спасовски, работите излегле од контрола, па организаторот и првоосомничен Љупчо Палевски-Палчо со пиштол ја затрелал и убил Вања.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести