Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството бара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за насилството во Аеродром

Обвинителството бара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за насилството во Аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за насилство, за случајот од 30 јуни, кога во парк во Општина Аеродром беше физички нападнато 12-годишно девојче, додека присутни малолетници го снимаа настанот со мобилни телефони.

За еден 15-годишник се бара подготвителна постапка за помагање при извршување на тоа кривично дело, како и за – Неовластено снимање оЗа неовластеното снимање е побарана подготвителна постапка и за уште еден малолетник на возраст од 14 години.

Јавниот обвинител побарал од судот во текот на постапката да биде определена и мерка на претпазливост – забрана на децата во судир со законот да се приближуваат или воспоставуваат и одржуваат контакти и врски помеѓу себе и со жртвата.

„Пријавените девојчиња, на 30 јуни, на игралиште позади трговски центар во Скопје, во група извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на 12-годишно девојче. Во дејствијата учествувало и уште едно дете во ризик кое е на возраст од 13 години и согласно тоа не може кривично да одговара.

Ја принудувале да клекне и да им се извини, а потоа ја удирале со шлаканици и ја влечеле за коса. Од ударите оштетената се здобила со телесни повреди, а кај нејзината другарка сведок на настанот и во јавноста било предизвикано чувство на несигурност загрозување и страв.

Едно од момчињата помагало во дејствијата на насилство со совети, насоки и охрабрување како да го извршат делото. Двете момчиња неовластено направиле видео снимка од чинот на насилство без согласност од оштетената и повредувајќи ја нејзината приватност. Снимката им ја пратиле и на насилничките“, објави ОЈО.

Министерството за внатрешни работи пред два дена соопшти дека е расчистен случајот од 30 јуни, кога во парк во Општина Аеродром беше физички нападнато 12-годишно девојче, додека присутни малолетници го снимаа настанот со мобилни телефони.

Од полицијата до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за Насилство, а кривични пријави добија и двајца малолетници за Поттикнување и неовластено снимање, како и петмина родители за Запуштање и малтретирање на дете.


Слично

Поврзани вести