Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oбвинителството бара Груевски и Божиновски да бидат прогласени за виновни, а седиштето на ВМРО-ДПМНЕ да биде одземено

Oбвинителството бара Груевски и Божиновски да бидат прогласени за виновни, а седиштето на ВМРО-ДПМНЕ да биде одземено

Екс премиерот Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски обвинети во случајот „Талир 2“, да бидат прогласени за виновни, а седиштето на ВМРО-ДПМНЕ да биде одземено, предложи обвинителот Љубомир Лапе.

Според Лапе, обвинетите Груевски и Божиновски политичката партија  ја третирале како било кој трговски субјект. Вели дека Груевски и Божиновски, биле тие кои ја дефинирале содржината на јавниот оглас, а не партиските органи.

„За обврските содржани во јавниот оглас, видно од одлуката за објавување јавен повик за доставување понуди за соинвеститорство на ИК, верификувана од ЦК, органите на партијата не дискутирале. Самите одлуки на ИК и ЦК доведени во корелација со содржината на објавениот јавен оглас всушност ги потврдуваат индициите од незаконски следените разговори дека токму обвинетите Груевски и Божиновски биле тие кои ја дефинирале содржината на јавниот оглас, а со тоа и условите и обврските за понудувачите содржани во истиот“, изјави Лапе.

Со објавата на јавниот оглас од страна на обвинетите Груевски и Божиновски, обвинителот Лапе, потенцираше дека е оставен простор за незаконско финансирање на политичката партија и стекнување на сопственост на имот, кој во согласност со закон политичката партија не ни можела да го стекне.

„На 4.10.2012 година И.К. на ВМРО-ДПМНЕ носи решение за овластување, со кое го овластува обвинетиот Кирил Божиновски, Генерален секретар на партијата, да го потпише договорот за соинвеститорство со Д.Г. Бетон А.Д. Скопје, како најповолен понудувач на јавниот повик. Ваквото решение е потпишано од обвинетиот Никола Груевски“, рече Лапе.

Од исказите на проектантите, обвинителот Лапе, рече дека првично проектирале објект на четири ката, а потоа следела промена и во висината и во ширината. 

Слично

Поврзани вести