Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oбвинителството анализира 140 телефонски броеви за „крвавиот четврток“

Oбвинителството анализира 140 телефонски броеви за „крвавиот четврток“

Обвинителството за организиран криминал се обидува да ги лоцира сопствениците на стотици мобилни телефони поврзани со „крвавиот четврток“. Вмрежени се 140 телефонски броеви и преку нивна детална анализа се бара евентуално докажување поврзаност на учесниците на потешки кривични дела од учество во толпа на 27-ми април, брифираат извори за ТВ 24 од обвинителството.

Oбвинителите имале барања и до мобилните оператори во земјава. Засега официјално не се открива ништо од обвинителството кое ја работи предистражната постапка.

ТВ 24 пред неполн месец објави дека учесници во Собранието пред крвавиот четврток имале и неколку мобилни телефони, а по настанот пријавиле дека користат само еден. Голем број мобилни завршиле како отпаден материјал, во обид да се прикријат клучни докази за настанот во законодавниот дом. 

Слично

Поврзани вести