Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителство за снимката со Боки 13: Сите докази ќе ги презентираме пред суд

Обвинителство за снимката со Боки 13: Сите докази ќе ги презентираме пред суд

Сите докази кои Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ги поседува во предметот за кој покажувате интерес ќе ги презентира пред надлежен суд при евентуална судска постапка, велат од Јавното обвинителство за Фактор. Додаваат дека предметот е во фаза на истрага во која во континуитет се работи на обезбедување на сите докази.

Денеска во јавноста излезе снимка на која се гледа како наводно Бојан Јовановски и Зоран Милески, осомничени во случајот „Рекет“, земаат во две торби пари од кај бизнисменот Орце Камчев. Видеото го објави италијанскиот весник ЛаВерита.

Се тврди дека видеото не е од Обвинителството.

Слично

Поврзани вести