Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ: Очекуваме надлежните институции да ни достават наоди за евентуални сторени кривични дела

ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ: Очекуваме надлежните институции да ни достават наоди за евентуални сторени кривични дела

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со внимание ги следи информациите објавени по медиумите за набавката на кинеските вакцини.

На прашање на Фактор што ќе преземе Обвинителството во врска со оваа набавка, за која вчера министерот Венко Филипче тврдеше децидно дека нема никакво прекршување на законските прописи, ниту, пак, било каква провизија, од Обвинителството велат дека ако надлежните институции утврдат елементи на кривично дело, обвинителството ќе ги гони сторителите.

„Очекуваме надлежните институции до обвинителството да достават свои наоди за евентуални сторени кривични дела. Обвинителството согласно своите надлежности ќе ги даде неопходните насоки, упатства и наредби на институциите во чија надлежност е откривањето на овој вид на криминал. Доколку овие институции утврдат елементи на кривично дело,​обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности и ќе ги гони сторителите. 

Воедно, обвинителството ја охрабрува јавноста доколку има сознанија за одредено кривично дело, истото да го пријави во органите надлежни за прогон, кои се должни да постапат по пријавата и да се расчисти случајот“, се вели во подговорот што Фактор го доби од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.

Инаку, како што бе познато, вчера и од Антикорупциска комисија изјавија дека таму за оваа набавка е отворена постапка.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, вчера побара објавување на сите документи со посредникот од Хонк Конг, со кого е прекината соработката по барање на кинеското МНР, и дека при набавката треба да се оди само преку нив. 

Филипче, пак, вчера рече дека не станува збор, апсолутно, за ништо незаконски, за ништо нерегуларно, не станува збор за некакви провизии или било што за што овие денови го обвинува опозицијата.

„Владата и Министерството за здравство од почетокот на процесот за набавка на вакцините интензивно комуницира со голем број компании и производители. Имаме два принципи по кои се водиме: внимателност и регуларност. Апсолутно ги отфрлам сите обвинувања дека станува збор за незаконски постапки, провизии, и жал ми е што сето ова излегува во опозициските медиуми“, истакна министерот Филипче.


Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести