Обвинителство за Фактор: Во „Пановски“ се прибира документација за паралелен увоз на лекови
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција врши проверки и прибира документација која ќе помогне при утврдување на фактите и расветлување на случајот, велат оттаму за Фактор откако денеска Министерството за внатрепни работи влезе во веледрогеријата Пановски по наредба на обвинителството. Од Обвинителство повторно поотврдија дека предметот е за паралелен увоз на лекови и бил отворен по допрен глас во Основното јавно обвинителство - Скопје.
„Подоцна во текот на предистражната постапка предметот е предаден на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. По предметот се преземаат предистражни дејствија подолг временски период. Денешните активности на Министерството за внатрешни работи се резултат на претходно издадени наредби од страна на предметниот обвинител кои заради актуелната состојба со пандемијата не биле до сега реализирани. Во случајов не станува збор за претреси, туку за вршење на проверки и прибирање на документација која ќе помогне при утврдување на фактите и расветлување на случајот, велат оттаму за Фактор.
Од МВР претходно ни изјавија дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал постапува по Наредба издадена од страна на надлежен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со увоз на лекови. Додаваат дека се вршат проверки во неколку веледрогерии.
