Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителство: Стефан Богоев примил награда од 111.600 денари за доделен тендер

Обвинителство: Стефан Богоев примил награда од 111.600 денари за доделен тендер

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Стефан Богоев во како поранешен директор на Царинската управа, С.М. во својство на службено лице – помошник директор во Царинската управа, протиб уште двајца вработени и против едно правно лице.

Основот, како што е соопштено, е „Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, „Примање поткуп“„Давање поткуп“ и „Примање награда за противзаконито постапување “.

-Според прибраните докази постојат основи на сомнение дека во периодот од јули 2023 година до март 2024 година, пријавените свесно ги повредиле прописите за спроведување на постапките за јавна набавка „Надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали со цел фаворизирање на пријавеното правно лице и изигрување на постапката за доделување на договорите за јавна набавка, на начин што, пријавениот С.Б. како директор влијаел во тендерската документација и техничката спецификација да бидат внесени ограничувачки критериуми, а пријавениот С.М., како помошник директор, влијаел врз други правни субјекти да не учествуваат во постапките за јавна набавка, со што обезбедиле услови за избор и му овозможиле на пријавеното правно лице да се стекне со противправна имотна корист од големи размери во вкупна вредност од 18.479.692 денари, информираат од Финансиска полиција и додаваат:

-Пријавениот А.С. со искористување на своето реално влијание, општествена положба и углед, барал, интервенирал, поттикнувал и влијаел да се изврши службено дејствие што не смеело да се изврши кај пријавениот С.Б. во својство на директор на Царинската управа, по што во содејство со пријавениот Д.Г., влијаеле кај пријавениот С.М. на кој непосредно му дале, ветиле подарок и корист за него како и посредно за пријавениот С.Б., за да извршат службено дејствие што не би смеело да го извршат,  за што пријавениот С.Б., во периодот од мај 2024 година до февруари 2025 година, директно и индиректно побарал и примил подарок и друга корист за себе - дел непосредно, а дел посредно преку пријавениот С.М., се вели во соопштението од Финансиска.

Со слично соопштение излезе и Обвинителството од каде што соопштија дека Богоев примил награда од 111.600 денари, а за сите четворица е предложен притвор.

„Во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание, при што првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба и реално влијание.

Со цел непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени“, дополнува ОЈО.

Слично

Поврзани вести