ОБВИНИТЕЛСТВО СОБИРА ДОКАЗИ - еве што објавија по престелката на „Пластичарска“
- Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше лишено од живот едно лице, а уште две се повредени - соопштија од Јавното обвинителство.
Додаваат дека јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите прибирани од лице место, а се преземаат и други дејствија.
Министерството за внатрешни работи постапува за откривање на сторителите.
Како што веќе објавивме, ноќеска имало пукање на булеварот „Никола Карев“, познат како Пластичарска улица.
Во пукањето биле повредени три лица, при што еден од нив починал по приемот во болница.
Како што објавивме, животот го изгуби 29 годишниот Амар Исмани од Скопје кој важи за популарен пејач кај албанската естрада.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
