Обвинителство: Се преземаат мерки за убиството на 78-годишната жена
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек каде беше пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сомненија дека насилно била лишена од живот со задушување со перница.
„Дадени се повеќе наредби за обезбедување докази и траги од чице место кои ќе бидат предмет на вештачење.
Едно лице е лишено од слобода под сомненија дека е сторител на кривичното дело - убиство. Постојат сомненија дека истото лице во претходниот период било извршител и на други кривични дела во кумановско за што по наредба на јавен обвинител интензивно се преземаат дејствија за испитување на околностите и поврзаноста на настаните.
По целосно испитување на настаните, ќе биде поведена соодветна постапка“, информира ОЈО.
Полицијата претходно извести дека во Драгоманце, општина Старо Нагоричане, е уапсен Т.Б.(25) од Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека го сторил убиството..
