Обвинителство: Притворен тетовец кој се заканувал на жена и на функционери
Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за загрозување на сигурноста, откако им се заканувал,како што пишува во информацијата, на жена и на функционери, по што бил притворен.
„Осомничениот, на 28 октомври, од профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео и текст на албански јазик во кој отворено се заканил со убиство и други тешки кривични дела кон една жена и кон функционери од една политичка партија и лица со политичко уверување. Со објавата која имала навредлива, омаловажувачка, но и заканувачка содржина кај оштетената предизвикал чувство на вознемиреност и страв“,објави Обвинителството.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Тетово поднел предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и ја определи притворската мерка.
