Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

Од Обвинителството тврдат дека не се повлекол ниту еден обвинител од истрагата за страотниот пожар кај Кочани, и тоа ниту од Основното јавно обвинителство, ниту од Обвинителството за гонење на организиран криминал. 

„Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација. Обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија“, се вели во одговорот што го испратија од Обвинителството.

Оттаму тврдат дека нема повлекување ниту од ОЈО, ниту од ОЈО ГОК, од каде и досега на тој случај бил ангажиран само еден обвинител. 

Ова следува откако од опозициската партија ДУИ поставија сериозно прашање до обвинителството, а и до власта, дали има наводно повлекување на одреден обвинител од истрагата, поради, како што рекоа, несогласувања со начинот на кој таа се води и поради наводни политички притисоци.

Слично

Поврзани вести