Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителство: Ја убил мајка си во Богданци со два ножа и пар ножици

Обвинителство: Ја убил мајка си во Богданци со два ножа и пар ножици

Основното јавно обвинителство Гевгелија денес соопшти дека синот што ја уби мајка си во Богданци ја лишил од живот на суров начин - и нанесувал убод со нож, па со пар ножици, па повторно со кујнски нож.

„Осомничениот, на 11 јануари, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја лишил од живот сопствената мајка.

Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот. Во еден момент тој зел нож од кујната со кој и нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да и задава убоди, па откако и тие се свиткале од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел со кој ја прободел во вратот. Од бројните убоди жената искрварела и починала“,информира ОЈО.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство или ќе влијае врз сведоците кои ќе бидат испитувани во текот на кривичната постапка, јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.

Во полициската канцеларија Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го уапсија П.С.(39) од Богданци.

Во стан во кој престојувале, околу 21 часот дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата.


Слично

Поврзани вести