Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителство: Го претепал брат му речиси до смрт и легнал да спие

Обвинителство: Го претепал брат му речиси до смрт и легнал да спие

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против лице кое се обидело да го убие братот во Марино крај Скопје.

„На 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и по целото тело. Од ударите, оштетениот започнал да крвари од главата и изгубил свест, а осомничениот наместо да му помогне, си легнал да спие“,објави ОЈО.

Следниот ден, кога се разбудил, видел дека брат му лежи во крв и без свест, но повторно го оставил и повикал медицинска помош дури речиси три часа подоцна.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.


Слично

Поврзани вести