Обвинителство ги заплени вакцините со поминат рок
Основното јавно обвинителство ги обезбеди вакцините на „Македонија лек“ кои беа со погрешни декларации, соопшти ОЈО. Велат дека ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат во просториите на „Македонија лек“, бидејќи таму има соодветни услови за нивно чување.
„Постапувајќи по наредбата издадена од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи го извести надлежниот јавен обвинител дека во простории во правното лице „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и дека тие се уште не се уништени.
Надлежниот јавен обвинител веднаш издаде Наредба за обезбедување на вакцините за потребите на евентуална идна постапка.
Проверките во предметот отворен по допрен глас продолжуваат до целосно утврдување на фактичката состојба“, стои во објавата од ОЈО.
