Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителство; Фатени малолетници за лажни дојави за бомба

Обвинителство; Фатени малолетници за лажни дојави за бомба

МВР преку Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал соопшти дека се откриени двајца 14-годишни малолетници од Скопје, кои минатата недела праќале лажни закани за бомби во основни у средни училишта.

Пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе известување. Поради ваквото однесување од страна на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи било потребно да направат антитерористичка проверка на сите училишта кои што добиле порака, но не се пронајдени експлозивни направи и е утврдено дека се работи за лажно пријавување за поставени експлозивни направи.

„Имено, пријавените малолетни лица на 19.02.2025, од мобилниот телефон на едниот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба во две училишта (едно основно и едно средно) во Скопје. Исто така, на 21.02.2025 од мобилниот телефон на другиот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба за поставена бомба во две училишта ( едно основно и едно средно) во Скопје“, информира МВР.


Слично

Поврзани вести