Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНИТЕЛСТВО БАРА ПРИТВОР ЗА ТАТКОТО ТЕПАЧ НА ДЕЦА ФУДБАЛЕРИ - по инцидентот на стадионот во Штип

ОБВИНИТЕЛСТВО БАРА ПРИТВОР ЗА ТАТКОТО ТЕПАЧ НА ДЕЦА ФУДБАЛЕРИ - по инцидентот на стадионот во Штип

По страшниот напад врз фудбалери на стадионот во Штип, денеска Основното јавно обвинителство Штип поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

- Осомничениот извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“. 

Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Беласица“, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа, кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв - се посочува во соопштението на ОЈО. 

Настанот се случил во 89-тата минута од натпреварот, која судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот, кој играл за „Шкупи“. 

- Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот - се појаснува во соопштението. 

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, имајќи го предвид видот и сериозноста на кривичното дело против јавниот ред, опасноста од бегство на осомничениот и можноста за повторување на делото.

ПОВРЗАНО: 

ТАТКОТО ТЕПАЧ НА ФУДБАЛЕРИ СЕ ГОНИ ЗА „НАСИЛСТВО“: МВР вели дека го обезбедувале натпреварот по претходен План

Уште нема кривична пријава за таткото тепач на малолетните фудбалери: Ќе заседава и дисциплинската комисија на ФФМ

Родител на фудбалер од „Шкупи“ ги нападнал малолетните фудбалери од „Брегалница“: Детали од МВР за инцидентот во Штип

ЌЕ БИДЕ ПОВЕДЕНА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ФК ШКУПИ: ФФМ го осуди инцидентот во Штип

ФК Брегалница го осуди нападот врз нивните фудбалери: Апелира до институциите случајот да биде професионално решен

ВИДЕО: ДВЕ ДЕЦА СЕ ВО БОЛНИЦА: Инцидент по натпреварот на младинските екипи на Брегалница и Шукпи


Слично

Поврзани вести