Обвинителство бара притвор за директорот на неврохирургија
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, осомничено за сторено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик.
Oд ОЈО соопштија дека лицето е осомничено дека поткупот го примило, извршувајќи ја дејноста лекар. Ценејќи дека се исполнети законските услови, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка притвор за лицето во траење од 30 дена
Претходно јавноста дозна дека станува збор за директорот на неврохирургија Александар Чапаровски.
Во случајот станува збор за 14 годишно дете кое требало да замине на лекување во странство, за што Чапаровски побарал неколку илјади евра за упат и стручно мислење.
