Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНИТЕЛКИТЕ ОД СЈО: Една има амбиција за претседател, а друга за градоначалник

ОБВИНИТЕЛКИТЕ ОД СЈО: Една има амбиција за претседател, а друга за градоначалник

Ако сум жива и здрава, на 50 години сакам да бидам нормален шеф на нормална држава, изјави обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи, во емисијата „Трите“ на „А1 он“ за животот и за работата за трите обвинителки Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.

„Сакам на 50 години, бидејќи тогаш сметам дека ќе бидам доволно емотивно стабилна, да бидам, и ќе бидам, ако сум жива и здрава, нормален шеф на нормална држава. И ќе успеам во тоа. Моите блиски мислат дека можам и сега, но за да бидеш татко на државата, не е потребно само да го знаеш законите и да си ја знаеш работата. Мислам дека тоа што мене ми недостига за да бидам на 40 години, кога ќе ги исполнам условите да се биде шеф на држава, е емотивна стабилност“ – вели Фетаи.

И специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во интервјуто изрази политички амбиции, но за градоначалничка или пратеничка фукнција.

„Имам уште енергија за нови предизвици и се надевам дека уште има што да покажам од моите стручни квалитети. Би сакала да се обидам во политиката, како градоначалник на Гевгелија или пратеник. Се надевам дека дотогаш некои работи и во политичките партии ќе се променат, дека ќе се гледа повеќе на професионалноста. Треба да биде политиката врзана за човекот, а не човекот за политиката“ – вели Јанева.

Јанева вели дека сака како и секоја жена да прошета по дуќани, да вози велосипед во Гевгелија, да готви. 

Специјалната обвинителка Ленче Ристеска, ја споделува својата страст за фотографија, театар и родниот Лешок. 

Слично

Поврзани вести