Обвинителката Тополова-Исајловска избрана за в.д. државен јавен обвинител
Советот на јавни обвинители денеска со едногласна одлука ја избра Анита Тополова-Исајловска за вршител на должноста државен јавен обвинител.
На денешната седница, Тополова-Исајловска беше единствениот предложен кандидат за оваа значајна функција во правосудниот систем. Таа доаѓа на позицијата од функцијата заменик јавен обвинител, каде што со години работела во рамки на Јавното обвинителство.
Назначувањето е извршено согласно член 25, став 4 од Законот за јавното обвинителство, според кој вршителот на должноста се определува од редот на јавните обвинители. Тополова-Исајловска ќе ја извршува функцијата до изборот на нов државен јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.
Нејзиното назначување доаѓа откако доскорешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка, непосредно пред собраниската седница на која требаше да биде разрешен.
Слично
