ОБВИНИТЕЛКАТА СЕ РАСПЛАКА НА СУДЕЊЕТО: Палевски десет дена следел и фотографирал жена која требало да ја киднапираат
На денешното рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, една од обвинителките се расплака.
Обвинителката Ана Стојковиќ-Димитриовска додека читаше се расплака, а потоа со читање продолжи другата обвинителка Жаклина Јосифовска.
Велибор Манев, еден од осомничените за двојното убиство, денеска сведочеше во Кривичен суд. Манев кажа дека таткото на Вања не бил инволвиран во случајот.
Манев раскажа дека требало да киднапираат жена на возраст околу 40 години, ќерка на фармацевт. Првообвинетиот Љупчо Палевски му кажал дека десет дена ја следел жената и ја фотографирал. Сакал да види каде се движи жената.
Според Манев, жената симнувајќи се по скалите требало да ја турнат во сутеренот на зградата надвор и таму да ја врзат, но планот пропаднал откако од еден од дуќаните излегла жена. Тој раскажа и како го извршиле киднапирањето на Вања, за која мислеле дека е истата жена која Палчо им ја покажувал на фотографии.
Палевски ја убил Вања откако работите не тргнале како што треба.
Кон крајот на 2023 година, исчезнаа Вања и Панче, по што се откри дека станува збор за двојно убиство, а Палевски избега во Турција и таму полицијата го уапси во Баликесир. Тој тврдеше дека во Турција отишол за да прави операција на кичмата. Исчезнувањето на Вања го потресе целиот регион.
