Обвинителката Ристовска го испрашала Заев за Мијалков
Не знам до каде е истрагата, но јас бев дел од истрагата, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали истрагата за бегството на Сашо Мијалков е завршена и дали има утврдено одговорност на институциите за неговото бегство.
–Не знам за истрагата, но знам дека бев дел од истрагата. Обвинителката Ленче Ристовска имаше интервју со мене, односно бараше детали, податоци, се, којшто нормално како одговорен и човек но и претседател на Владата ги соопштив, ги дадов, чекам да ја прочитам, да ја видам навистина истрагата и документот којшто е конечен затоа што мислам дека сите треба да учиме од слабостите на системот или од предностите коишто треба секојпат да ги подобруваме и унапредуваме, одговори Заев.
