Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителката која стави потпис за времен пасош на Камчев денес сведок за „Рекет“

Обвинителката која стави потпис за времен пасош на Камчев денес сведок за „Рекет“

Во август минатата година заменичката на второосомничената во случајот Рекет стави потпис на одлуката за одобрување времен пасош на бизнисменот Јордан Камчев, а денес Елизабета Јосифовска ќе сведочи како сведок на Обвинителството за организиран криминал.

Прво судење за оваа 2020 година е „Рекет“. Рочиштето денеска продолжува со сведочењето на поранешната заменичка на Катица, која во април беше повикана да даде исказ за судскиот процес во кој прв осомничен е шоуменот Бојан Јовановски.

Во отсуство на шефицата на СЈО Јосифовска ја заменуваше Катица и ги потпишуваше сите документи, а во тоа време Јанева била на одмор. При исказот , Јосифовска кажа дека мислењето за пасошот на Камчев била одлука на Јанева и како нејзина заменичка била должна да ја потпише. 

„Апсолутно на ништо не се посомневав“, тврди таа. 

Јосифовска кажа и дека во тој момент до неа не допреле никакви ни најмали индиции или сознанија дека во позадината на сето ова стои нешто криминално.

Во случајот им се суди на Јанева и Бојан Јовановски, а бизнисменот Зоран Милевски Кичеец призна вина и доби три години затвор. 

Слично

Поврзани вести