Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНИТЕЛКАТА И СЕ ЈАВИЛА НА ИВАНОВСКА: Понудила исказот да биде даден по завршување на изборите

ОБВИНИТЕЛКАТА И СЕ ЈАВИЛА НА ИВАНОВСКА: Понудила исказот да биде даден по завршување на изборите

Обвинителката Адела Бојчевиќ од скопското обвинителство која го води предметот против поранешната претседателка на Антикорупциската комисија и актуелна кандидатка за градоначалник на Општина Центар Билјана Ивановска ја контактирал телефонски, со понуда, доколку исказот го чувствува како форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите.

„Во меѓувреме, со оглед на нејзината јавна реакција, надлежниот јавен обвинител телефонски ја контактираше Ивановска и ѝ даде можност доколку сака и доколку исказот во јавното обвинителство го чувствува како некаква форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите“, велат од ОЈО. 

Дополнително, не се соопштуваат детали за кривичната пријава.

„Приватна пријава е, не сме во можност да споделиме детали додека не се проверат наводите дали воопшто има основ. Обвинителството не би ни објавило дека е пријавена ако сама не обзнанеше“, додаваат од Обвинителството.

А.Т.

ОЈО ЗА ИВАНОВСКА: Постапуваме по приватна кривична пријава, поканата е испратена на 25 јули

На Билјана Ивановска и затропала полиција на врата откако се кандидираше за градоначалник на Центар

Слично

Поврзани вести