Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителката Фатиме Фетаи направила сообраќајка

Обвинителката Фатиме Фетаи направила сообраќајка

Фатиме Фетаи обвинителка во Вишто јавно обвинителство во Скопје, поранешна специјална обвинителка доживеала сообраќајна незгода. Несреќата се случила во Топанско поле.

Од МВР го потврдија случајот.

„На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Македонско Косовска“ и ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.


Причинета е материјална штета. 

Фото Ин7.мк, Миа

Слично

Поврзани вести