Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНИТЕЛИТЕ СЕ РЕШЕНИ ЦЕЛОСНО ДА ГО РАСЧИСТАТ КОЧАНИ - молк за 60-те жртви од страотниот пожар

ОБВИНИТЕЛИТЕ СЕ РЕШЕНИ ЦЕЛОСНО ДА ГО РАСЧИСТАТ КОЧАНИ - молк за 60-те жртви од страотниот пожар

Со минута молк во знак на почит кон настраданите во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, во која бројот на жртвите денеска се зголеми на 60, започнал денешниот состанок на стручниот колегиум на Јавното обвинителство во проширен состав, соопштија од Јавното обвинителство.

„Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани за утврдување кривична одговорност за трагедијата го запозна колегиумот со преземените дејствија до сега, со начинот и концептот на истражување и со стручните аспекти на предметот кои ги има предвид при истражувањето.

Стручниот колегиум на Јавното обвинителство изрази целосна поддршка за досегашната работа на обвинителите, кои во моментов паралелно водат истражна и предистражна постапка од широк опсег со цел целосно испитување на одговорноста за овој настан. Сите капацитети на Јавното обвинителство се ставени на располагање на тимот за ефикасно завршување на истрагата“, сер вели во соопштението.

Од Обвинителството додаваат и дека, со оглед на тоа што денешната 60-та жртва од катастрофалниот пожар во Кочани е лице кое претходно беше опфатено со наредбата за спроведување истражна постапка, во својство на управител на правно лице, Основното јавно обвинителство Кочани по прибавување на официјалната документација за настапената смртна околност ќе донесе наредба за запирање на истражната постапка за него.

Слично

Поврзани вести