Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНИТЕЛИТЕ ГИ ПОВИКУВААТ НА СРЕДБА СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ОД КОЧАНИ - ќе можат да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка

ОБВИНИТЕЛИТЕ ГИ ПОВИКУВААТ НА СРЕДБА СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ОД КОЧАНИ - ќе можат да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка

Во текот на утрешниот најавен е протест на семејствата на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Во врска со овој настан се огласија од Јавното обвинителство, од каде велат дека покануваат на средба претставници на семејствата.

„Јавното обвинителство поканува на средба претставници на семејствата кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка. Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници (најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите) кои ќе остварат средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и обвинителите кои постапуваат во предметите“, се вели во брифингот кој го добивме од Јавното обвинителство.

Слично

Поврзани вести