Обвинетите за 27 април ќе ги кажат завршните зборови
Одбраната денес ќе ги каже завршните зборови за случајот 27 април и упадот во Собрание.
За тој процес се гонат екс функционери меѓу кои се екс министрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, како и екс спикерот Трајко Вељаноски но и Владимир Атанасовски кој во тоа време беше на чело на УБК.
Тие пред органите одговараат за злосторничко здружување. „Улогата на обвинетите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски била да ги организираат протестите „За заедничка Македонија”, додека улогата на обвинетите Владимир Атанасовски, била да укаже поддршка со акти на насилство и да се спречи изборот на претседател на Собранието“, рече обвинителката Рускоска.
Во завршните зборови во судскиот процес за организаторите за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска пред судијата кажа дека се се знаело и сè било испланирано.
