Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинетите во „Монструм“ велат дека вистината ќе излезе на виделина

Обвинетите во „Монструм“ велат дека  вистината ќе излезе на виделина

Обвинетите во случајот „Монструм“ денеска дојдоа во Кривичен суд. 

Хаки Азири, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сами Љута се пријавија во судот, како доказ дека нема да избегаат. Пред десетина дена Врховен донесе одлука да се бранат од слобода.

Азири тврди дека немаат намера да бегаат и дека немаат никаков контакт со двајцата првообвинети, Алил Демири и Асмир Исмаиловиќ, кои се во бегство во Косово. Тој вели дека вистината ќе излезе на виделина. 

Целата постапка за случајот „Монструм“ ќе се повтори. 

Слично

Поврзани вести