Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинетите во „Монструм“ излегуваат од затвор-ќе се бранат од слобода

Обвинетите во „Монструм“ излегуваат од затвор-ќе се бранат од слобода

Четири лица кои се обвинети во случајот Монструм“ добија домашен притвор. Ова стои во одлуката на Врховниот суд. Тие ќе треба да се јавуваат редовно пред Кривичниот суд два пати неделно, а обвинетите веднаш се пуштаат на слобода.

„Врховниот суд на Република Македонија донесе решение по предметот Вкж2 бр.3/2016, познат во јавноста како „Монструм“, со кое на обвинетите А.И., Ф.А., Х.А. и С.Љ. им се определени други мерки за претпазливост, и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, како и редовно јавување пред Основниот суд Скопје 1,  два пати неделно, а обвинетите веднаш се пуштаат на слобода“, соопшти попладнево Врховниот суд.

Шест лица беа осудени во „Монструм“ на казна доживотен затвор под обвинение за тероризам. На 24 ноември Врховниот суд на Република Македонија ги уважи жалбите на одбраната за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Првостепената и второстепената пресуда за предметот се укинати и се враќаат на повторно одлучување во Кривичниот суд.

Слично

Поврзани вести