Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНЕТИ СЕ ДИРЕКТОРИТЕ И ЕДЕН ДОКТОР: Ќе почне ли денес судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово?

ОБВИНЕТИ СЕ ДИРЕКТОРИТЕ И ЕДЕН ДОКТОР: Ќе почне ли денес судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово?

По трет пат се очекува денес да стартува судењето за пожарот во тетовската модуларна бочница.

Претходните две закажани рочишта беа одложени поради отсуства на обвинетите.

Според најавите рочиштето во кое се обвинети тогашните директори Ф.Б и А.Е за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Б. В за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија се презакажа денес во 10 часот.

Обвинето е и правното лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Обвинилтеството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, електроинжинер и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.

Слично

Поврзани вести