Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oбвинението за Никола Митревски - Кољо ќе се проширува?

Oбвинението за Никола Митревски - Кољо ќе се проширува?

Никола Митревски – Кољо кој сам се предаде, а беше во бегство четири месеци  цело време се криел во земјава дознава Телма. Тој вчера се предаде во полициска станица како еден од осомничените за настаните на 27 април во Собранието. Но, не кажал ништо повеќе, ниту каде точно, ниту со кого се криел. Од обвинителството за Телма велат дека сега Митревски ќе биде повикан на распит по што се очекува дека обвинението ќе биде проширено и за него.

Тој е еден од четворицата осомничени кои ги нема во обвинителниот акт за крвавиот четврток, бидејќи беа недостапни на полицијата. Меѓу останатите кои се уште се бараат со меѓународна потерница се и другарот на Кољо, Александар Василевски Нинџа како и Давидовски Дејан и Питроповски Митре.

Слично

Поврзани вести