ОБВИНЕНИЕ ЗА ВОЗАЧОТ КОЈ ГО ПРЕГАЗИ ЈОГРО ЌУКА: не ја намалил брзината и возел повеќе од дозволеното
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, инфомрираа од Јавното обвинителство.
- На обвинетиот му се става на товар дека на 03.11.2025 година, околу пладне, управувал автомобил „фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.
За ова кривично дело е запретена затворска казна од најмалку четири години, односно настанот е квалификуван како најтешко кривично дело од областа на сообраќајот.
Слично
