Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинение за убиецот кој го застрела Бурим Идризи со 20 куршуми на „Џон Кенеди“

Обвинение за убиецот кој го застрела Бурим Идризи со 20 куршуми на „Џон Кенеди“

Основното јавно обвинителство до кривичниот суд поднесе обвинение против 29-годишниот О.А. кој пред две години смртно го застрела Бурим Идризи со 20 куршуми на улицата „Џон кенеди“ во Чаир.

На 20.12.2017 година, на автобуска постојка на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, наспроти училиштето „Цветан Димов“, во опасност го доведе и живото на уште тројца присутни, а потоа се даде во бегство, по што полицијата го пронајде дури во јуни оваа година. тројца други оштетени.

„Додека сега починатиот со останатите оштетени стоел на постојката, обвинетиот со автомобил Застава југо застанал од спротивната страна на коловозната лента и излегол од возилото со огнено оружје во рацете. Тој ја претрчал коловозната лента, се доближил до жртвата и испукал кон него 20 куршуми со калибар 7,62X39мм. Притоа, Идризи се здобил со повеќе огнострелни повреди кои резултирале со брз смртен исход, а со телесна повреда се здобил и еден од оштетените“, се вели во обвинението.

За ибиецот се бара продолжување на притворот бидејќи постои опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело. 

Полицијата на почетокот од изминатото лето соопшти дека го пронашла убиецот на 24-годишниот Идризи на локалниот пат Зелениково-Моране и бил приведен.

Убиениот Идризи со возило на итната медицинска помош беше пренесен во Ургентен центар Скопје, каде починал, а според информациите од полицијата, на убиството му претходела расправија.


Слично

Поврзани вести