Обвинение за Стевче Јакимовски и уште 10 лица: Земјиште купено за 11 илјади евра, продадено за 665 илјади
Псновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до до кривичниот суд достави обвинение против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, како и против уште десетмина други.
Поранешниот претседател на ГРОМ е обвинет за кривичните дела„злоупотреба на службената положба и овластување“ и „бесправно градење“ затоа што во периодот од 2011-2017 година повеќекратно направил незаконски постапки за јавна набавка и за легализација на времени објекти од деловен карактер, како и приватизација на градежно земјиште сопственост на државата.
Тој овозможил две фирми се стекнале со градежно земјиште под објект за цена од само 438 денари по метар квадратен иако според Ценовникот за утврдување пазарна вредност на градежно земјиште и макролокација на Зони во Град Скопје тоа изнесува 18.000 денари. Според тоа, буџетот е оштетен за 31.410.000 денари.Една од фирмите земјиште со површина од 1.533 метри квадратни купено за 671.454 денари, по само дваесеттина дена го продало за 40.528.500 денари.
„Тој, во текот на 2012 година при спроведување на постапка за јавна набавка склучил и потпишал договор со правно лице, иако знаел дека правното лице нема доставена банкарска гаранција за квалитетно, а со тоа и навремено извршување на договорот. Тој, дозволил изведувачот да започне со изведување на активностите од договорот.
По еден месец, заради неквалитетно изведување на работите, го раскинал договорот со изведувачот, со што овозможил правното лице да се стекне со имотна корист на штета на буџетот на општината во износ од 303.295 денари, односно 5 отсто од вредноста на Договорот за јавна набавка.
Во периодот од 2012-2013 година во постапка за јавна набавка, првообвинетиот причинил штета на буџетот на општината во износ од 14.609.653,63 денари. Откако јавната набавка била спроведена и бил склучен договорот, првообвинетиот давал усни инструкции на изведувачот за изведување на дополнителни работи, со што вкупната вредност на работите за изведување надминала 100 проценти од вредноста на основниот договор.
Во истиот период, првообвинетиот како градоначалник, во име и за сметка на правното лице – општината, во својство на инвеститор спротивно на чл.56 и 57 ст.2 и чл.63 од Законот за градење, без Одобрение за градење, изградил деловен административен објект на локалната самоуправа со што сторил кривично дело „бесправно градење“. За објектот во 2016 година поднел Барање за утврдување на правен статус на бесправни објекти од локално значење.
Во периодот од 2011-2017 година, првообвинетиот заедно со раководен државен службеник во општината, ја искористиле својата службена положба и овластување постапувајќи во предмети оформени по поднесените Барања за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект.
Тие, иако знаеле и биле должни да знаат, дека објектите за кои се поднесени барањата се објекти што не смеат да бидат предмет на постапка за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, ги потпишале Урбанистичките согласности и дале согласност за вклопување на предметните времени објекти за деловна намена во урбанистичко планската документација“ се вели во обвинението.
Така тие овозможиле три фирми и едно физичко лице да се стекнат со право на сопственост на објектите и ексклузивно право на откуп на земјиштето сопственост на државата. Едно лице е обвинето дека сторило кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, на седуммина им се става на товар кривично дело „несовесно работење во служба“ и две лица со опишаните дејствија во обвинението се товарат за кривично дело „бесправно градење“.
Второбвинетиот службеник сторил кривично дело несовесно работење во служба. Тој, иако знаел дека правното лице не доставило банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот не го проследил Договорот за јавна набавка на понатамошно постапување.
Ивбинети се и тројца од обвинетите во својство на членови на Комисија за јавна набавка. Овозможиле непрописно правното лице да учествува во постапката и да биде избрано како најповолен понудувач . Со ваквите дејствија овозможиле правното лице да се стекне со имотна корист во вкупен износ од 2.845.234 денари на штета на државата.
Двете лица се обвинети за „бесправна градба“, од кои едниот е инвеститор а другиот надзорник. Три службени лица во општината се обвинети дека несовесно изготвиле и потпишале урбанистички согласности и решенија за легализација на бесправно изградени објекти од времен карактер за деловни намени поставени на градежно неизградено земјиште сопственост на државата.
