Обвинение за новинарот кој го објави исказот на Камчев, се уште се трага по тој што го предал документот
Оснобното јавно обвинителство поднесе обвинение до Кривичен суд за новинарот на порталот „Инфомакс“ за објавување на првата страна од исказот на сведокот Јордан Камчев за случајот „Рекет“, но се уште трага по инсајдерот кој го извлекол и му го предал документот.
Обвинителниот предлог се однесува за кривично дело – оддавање службена тајна откако на 23 август на јавноста им ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна.
„Обвинителството го поднесе обвинението до Основниот кривичен суд Скопје откако по објавата на записникот на споменатиот интернет портал беа направени потребните проверки и беа обезбедени материјалните докази за наведеното кривично дело, согласно Законот за кривична постапка“, се вели во соопштението.
Од обвинителството велат дека кривична пријава ќе има и за лицето го извлекло документот од списите на предметот и го предал до новинарот, но дури откако ќе го идентификува и ќе обезбеди докази против истиот.
