Обвинение за лице кое му се заканувало на Заев
Против лице кое му се заканувало на фејсбук на Зоран Заев Основното јавно обвинителство подготви обвинителен акт.
Обвинетиот кој се товари за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста, во објавените коментари повикувал на физичка ликвидација на оштетениот и ја загрозил неговата сигурност.
Според Јавното обвинителство, осомничениот од 23 јули лани до 24 истиот месец, во повеќе наврати извршил временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело.
– Тој е обвинет дека преку информатички систем, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, објавил повеќе закани дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години, стои во соопштението.
Слично
